ГРАД СКОПЈЕ ЗАПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „СТОЛТЕНБЕРГОВА“ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

0
377

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улица „Столтенбергова“ во Градскиот парк, која се реализира со меѓуопштинска соработка со Општина Центар.
Станува збор за реконструкција на важна сообраќајница, која е во исклучително лоша состојба, а нејзината реконструкција е повеќе децениско барање не само на жителите на општината туку и на сите посетители на Градскиот парк. -истакна градоначалничката Арсовска.

На потегот кој е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а градежните работи на терен ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.