Совети за здраво срце: Применете ги!

0
1205

Според податоците на Светската здравствена организација, од кардиоваскуларни болести во светот умираат околу 17 милиони луѓе.  Околу 60 отсто жители во светот не почитуваат ни минимум препораки за зачувување на здравјето на срцето, а тоа се 30-минутна секојдневна умерена телесна активност, а за децата барем 60 минути вежби.

Болестите на срцето и на крвните садови се меѓу водечките причини за смртност, а дебелината, покачениот холестерол, пушењето, недостиг на физички активности, покачениот крвен притисок и стресот се ризик-фактори за оваа болест.

Пушењето значително го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања. За почеток, сменете ги прехранбените навики. За здраво срце е важно редовно да јадете и да имате пет помали оброци дневно. Исто така, важна е и зголемена консумација разновиден овошје и зеленчук. Лошите маснотии заменете ги со маслиново масло и со оние од растително потекло.

Редовни оброци, повеќе овошје и зеленчук, интегрални житарки и вода, како и помало консумирање алкохолни пијалаци и оставање на цигарите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.