ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ : СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА, 90% ОД ПАЦИЕНТИТЕ ИМААТ ПОТРЕБА ОД КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА, ЗАТОА АПЕЛИРАМ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

0
1189

По подолг временски период(речиси 5 месеци) денес повторно бев во ковид центарот на Интерните клиники.

Со министерот за здравство Беким Сали влеговме во црвената зона на ковид центарот на Клиниката за кожни болести и ги посетивме сите пациенти кои се таму хоспитализирани. Состојбата е сериозна, 90% од пациентите имаат потреба од кислородна поддршка, затоа апелирам да се почитуваат сите превентивни мерки.

Не очекува тежок период, од понеделник повторно влегувам во таа борба, во ковид центарот на Интерните клиники.