АНТОКОРУПЦИСКА : ДУИ ГО ПРЕКРШИЛА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

0
287

ДУИ во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку во јули 2023 година. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница утврди дека ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии бидејќи во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку дури во јули 2023 година.

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Шемши Салаи рече дека утврдиле прекршување на членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии.

Притоа, ДКСК донесе одлука предметот во врска со донациите кон ДУИ да биде проследен до Министерството за правда и до Државниот завод за ревизија како надлежни институции.м Доколку ревизорите утврдат неправилности, тогаш тие ќе поднесат барање за покренување прекршочна постапка или пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Инаку, антикорупционерите го покренаа овој предмет откако во јавноста се објавија донациите за ДУИ од „Еуровиа“, фирма која беше избрана од Министерството за надворешни работи за да го адаптира спортскиот центар „Борис Трајковски“ за претстојната конференцијата на ОБСЕ што треба да се одржи кон крајот на годинава.