Коалиција за промени и правда: Груевски ако си маж, соочи се директно со нас на ТВ дуел на било кој медиум и во било кое време што тебе ти одговара

0
898

Коалицијата за промени и правда најостро реагира на инсинуациите и обидите за девалвација на овој политички субјект и нa нивните носители на листи во изборните единици бр. 1, 2 и 4 преку насловите објавени во дел од „корумпираните и контролирани портали“.

„Без разлика што овие медиуми имаат обврска да одработуваат за нивните нарачатели сепак, тие мораат да го задржат минимумот на етичност и човечност при објавувањето на било каква, па дури и лажна вест или спин. Коалицијата за промени и правда е автентична Коалиција составена од прeпознатливи политички субјекти кои немаат никаква допирна точка ниту со раководството на ДПМНЕ, ниту со СДСМ. Се работи за Коалиција која е единствен трет блок на овие избори и која е во сојуз со граѓаните на Република Македонија. Нејзините принципи и вредности мошне добро и сé познати на јавноста и се повеќе се прифатени од неа, па оттаму и стравот на партиската врхушка на власт која освен импутација, лаги и измами со помош на контролираните медиуми, ништо друго не може да им понуди на граѓаните на Република Македонија“, велат од.Коалицијата.

Тие нагласуваат дека носителите и кандидатите на листите не се кандидати кои се наметнати и контролирани ниту од ДПМНЕ, ниту од СДСМ и тие и во иднина нема да бидат контролирани од нив.

-Му порачуваме на Груевски како Коалиција за промени и правда да престане и понатаму да го манипулира чесниот македонски народ. Спинот ,,не го давајте вашиот глас за помалите политички партии или коалиции, бидејки е изгубен глас” е само глас на очајник кој се фаќа за сламка за да ја спаси само сопствената кожа. Бидејќи е толку сигурен во својата политичка сила и моќ, му порачуваме односно го прашуваме: Зошто во својата коалиција вклучи 24 мали и премали политички субјекти кои се безначајни, па дури и оние Титови леви сили со кои докрај ги урниса идеалите, визијата и мисијата на изворното ВМРО?

Груевски,и неговата фамилија, ја променија црвената бренд препознатлива боја на ВМРО најнапред со портокалова, па сега со небесно сина, а во иднина и со останатите бои на виножитото. Овие бои најмалку доликуваат на партија која треба да ја практикува и штити демохристијанската иделогија.

Груевски ако си маж, соочи се директно со нас на ТВ дуел на било кој медиум и во било кое време што тебе ти одговара, за да пред македонскиот граѓанин ги соочиме твоите и нашите факти и аргументи. Ваквите спинувања нема да оневозможат судот на народот да биде изречен на 11 декември, а сите оние кои се огрешиле пред законите, да се најдат пред лицето на правдата – изјави Јове Кекеновски, носител на листа на кандидати на ИЕ 2.

Драгана Кипријановска, член на претседателство на ДС, вели дека партијата е самостојна и препознатлива партија со принципиелни ставови.