ЗЕЧЕВИЌ : СДСМ Е ЧУВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПОСЕБНОСТ И ИСТОРИСКИ КОНТИНУИТЕТ

0
555

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладнево се сретна со членовите  на партијата од општинската организација Штип. Зечевиќ порача дека СДСМ е консолидирана партија, повторно на победничките патеки со силно присуство на терен, за која одлика се државнички политики, историски континуитет и заштита на македонската посебност.

-СДСМ помина низ процес на внатрешна реорганизација, нова регионална поставеност, но и кадровско освежување и консолидација.  СДСМ продолжува да биде  победничка партија, впрочем и вонредните локални избори го потврдија тоа. Сега СДСМ е силно на терен, со граѓаните, со членовите. Имаме мерки и државнички политики кои се препознаени што се потврдува и со масовниот интерес на граѓаните за трибините на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината, рече Зечевиќ.

31 година СДСМ е на вистинската страна. Државничките одлуки доведоа до почеток на преговори со ЕУ и обезбедување на македонскиот јазик, еднаш засекогаш. СДСМ е чувар на македонската посебност и историски континуитет, порача Зечевиќ. Тука сум со вас, затоа што членовите на партијата се вградени во сите овие државнички процеси. Придонесот на секој член, на секој поединец мора да се вреднува, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.