И ГРЦИТЕ СИ ИМААТ МАКА СО НИВНИ ВМРОВСКИ ПОП КАКО МАКЕДОНСКИ АГАТАНГЕЛ : Грчки митрополит осуден за говор на омраза и кршење на антирасистичкиот закон!

0
1499

Условна затворска казна од седум месеци „заработи“ митрополитот Амвросиос од грчкиот град Калаврита. Ваквата казна нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело – јавно поттикнување насилство или омраза и за злоупотреба на црковната служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот митрополит во декември 2015 година објави текст во кој ги нападна хомосексуалците и побара од граѓаните да ги плукаат, а еден месец подоцна активисти за правата на ЛГБТ заедницата поднесоа тужба против Амвросиос за поттикнување насилство или омраза врз основа на Законот за борба со расизам и за злоупотреба на црковната служба. Во мај беше ослободен, но следеше жалба и вчера беше прогласен за виновен.

Митрополитот Амвросиос освен што јавно го искажува неговото несогласување со правата на ЛГБТ заедницата, важи за поддржувач на Златна зора, а во минатото има изјавено дека мигрантите „ја загадуваат земјата“, категорично е против изградба на џамија во Атина, а по катастрофалните пожари лани во областа Атика, рече дека главен виновник е грчкиот премиер Ципрас бидејќи е атеист.