ЗЕЛЕНСКИ БАРА ДА БИДЕ ОГРАНИЧЕНА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА : БАРЕЛОТ ДА БИДЕ МЕЃУ 30 И 40 ДОЛАРИ!

0
573

Лимитот што се разгледува денеска, околу 60 долари, мислам дека е вештачка граница“, рече Зеленски на прес-конференцијата.

Според него, санкциите треба да бидат многу ефективни за Русија да ги почувствува, така што границата е на ниво од 30 до 40 долари за барел.Идејата зад ограничувањето на цената на нафтата е да се забрани превозните, осигурителните и реосигурителните компании да ракуваат со руската сурова нафта ширум светот, освен ако не се продава по цена пониска од цената што ја поставија Г7 и нејзините сојузници, соопшти агенцијата.

Полска, Естонија и Литванија се за многу пониска плафонска цена од 65-70 долари за барел, додека Грција, Кипар и Малта сакаат повисока плафонска цена, наведува Ројтерс.