ЗБРКА ВО ВМРО ДПМНЕ: ЗАПУКАА ПО ФРЧКО, ГО ОТЕПАА ПОЧИНАТИОТ ЅИНГО!

0
1016

ВМРО ДПМНЕ денеска во соопштение запукаа со дрва и камења по Фрчковски:

И кога е од Заев многу е. Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи прво дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД.

Ама изгледа во ВМРО ДПМНЕ заборавија дека уште се во коалиција со Социјалистичката Партија чиј довчерашен лидер беше горд соработник на Милошевиќ целите 90-ти, па дури отиде на средба со него само неколку дена пред бомбардирањето на НАТО во 1999-та а на средбата беше и уредникот на Сител, инаку неофицијален српски амбасадор во земјава 30 години.

Ај што беше со Милошевиќ, целиот шверц на нафта и се друго особено бакар одеше преку Силекс на Ѕинго, тој за време на ембаргото се збогати затоа што извезуваше српска роба на која и удараше печат дека е произведена во Силекс, па во 90-тите Силекс произведуваше се од мотори до авиони и се тоа одеше со камионите на Ѕинго од Белград за Солун и обратно за што веројатно Милошевич сакал да му се заблагодари лично на средбата од фотката погоре.