ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ЈА УЦЕНУВА ВЛАДАТА: АКО НЕ НИ ПОМОГНЕ ВЛАДАТА, МОЖЕ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕМЕ ОДЛУКАТА ДА СЕ ОТКАЖАТ МОЛИТВИТЕ ВО ЏАМИИ

0
875

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи вели дека државата досега не обезбедила никаква финансиска помош за религиозните заедници, иако, како што кажа тој, и тие се погодени од пандемијата на коронавирус. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи ги предупреди вицепремиерот Бујар Османи и Владата дека ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од пандемијата на коронавирус, објави „Журнал“.

Во дебатна емисија, Реџепи кажа дека му испратил порака на Османи, како координатор на кризниот штаб, да и додели помош на ИВЗ, но досега, како што кажа тој, нема одговор.

„Ќе ги потсетам со уште едно барање, бидејќи ако не дај боже ние ја повлечеме нашата одлука, нема сила што ќе може да се бори со епидемијата, ви гарантирам“, кажа Реџепи

Реџепи вели дека државата досега не обезбедила никаква финансиска помош за религиозните заедници, иако, како што кажа тој, и тие се погодени од пандемијата на коронавирус.

Пред три недели, ИВЗ донесе одлука да не се одржуваат молитви во џамиите, а Реџепи ги повика верниците петочната молитва да се одржува дома.