КРАЛЕВИТЕ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ – КУРТОН БИВИС И КУРТОН БАТХЕД ДОБИЈА ДЕМАНТ: Канал 5 со реакција до Алфа дека ја манипулира јавноста

0
861

Веќе подолг период Алфа ТВ и нејзината емисија „Заспиј ако можеш“ се обидува да ја манипулира јавноста со некаква огромна гледаност и „неверојатно влијание“, што е апсолутна невистина!

Колегата на Горан Момироски постојано споменува дека се втора по гледаност политичка емисија, што апсолутно не е точно, просечно гледано на месечно или неделно ниво се трети, пред нив е колегата од 360 Степени.

Или еве какви биле вчера рејтинзите на политичките емисии.

Од тука гледате и самите дека не е убаво да се кажуваат невистини. За имате најголеми „влијание“, треба да имате и најголем рејтинг, што го немате. Тоа како да кажете дека хор од 5мина пејачи ќе пејат погласно од хор од 50 пејачи. Невозможно, нели?

Само на еден ден, пред некоја недела се доближивте на 2-3% разлика во рејтингот. Нормално, и ние некогаш знаеме да „промашиме“, но многу , многу ретко.

Канал 5 ја разбира желбата на колегата Момироски и неговото другарче-водител за поголем успех, но има време, со напорна и оригинална работа како што е на тимот на Само Вистина/Интервју можеби еден ден ќе се приближите до „медиумските височини“.

Само Вистина – Канал 5 ТВ