„ЗА НАС ПОСТОЈАТ ТАТКО, МАЈКА И ДЕЦА, А НЕ РОДИТЕЛ 1 И РОДИТЕЛ 2“ ТОА Е СУШТИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО СЕМЕЈСТВО, ТВРДИ НИКОЛОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
74

„За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики“, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Струмица.

„Број 2 на листата во четвртата изборна единица од СДС е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство“, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски, на митингот во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.

Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, „ниту пак продадени души како тие од СДС нема да го променат тоа“.

– За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа  што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат – рече Николоски.Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДСМ, Венко Филипче е виновен за 397 семејства кои се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција, а не им пружи основна здравствена заштита.