Јовановиќ: Аферата Рекет е вмроовска ујдурма, целта беше пад на Заев и заштита на Камчев

0
902

Ги слушнав бомбите на порталот А1 на кои Мицкоски и кичевецот зборуваат. Дозволете да ви кажав уште еднаш што се тркалаше позади хоризонтот. Значи, ви реков еднаш, пак ќе ви речам.

Аферата Рекет е вмроовска ујдурма. Начинот, комуникацијата, стилот ако сакате, парите ако сакате, текстовите, арбитражата во текстовите ала Кики и Фрики, се’ тоа е тешка вмроовштина. Целта беше пад на владата на Заев и заштита на Орце Камчев. Добро, немојте да мислите дека Орцета многу го љубат оти е паметен, начитан и убав. Јок, море! Го држат само како средство за цицање.

Ова истото, горе-долу со слични објаснувања, го реков и на Канал 5. Да потсетиме, вакви скандали – кичевецот и Боки 13 се обични пиуни во поголемиот план – се измислени од некоја полиција. Дали е тоа тајна, дали е мафијашка, дали контраобавештајна полиција… Но, почитувани пријатели, тоа не е моја работа, тоа е веќе работа на Заев која мора да си ја истражи кога ќе завршат изборите.

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ.