ВМРО-ДПМНЕ (ФИРОМ): Вака сестринските партии го најавија Груевски во Малта

0
1832

На конгресот на Европската народна партија (ЕПП) кој се одржува в среда и четврток на Малта, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од партискиот претседател Никола Груевски, е најавена како партија „од ФИРОМ“. Тоа стои во списокот на партиите-учеснички објавен на веб-сајтот за годишниот конгрес на ЕПП.

EPP-kongres-Malta1

Во него, на листата на придружни членки на ЕПП, е наведена и ВМРО-ДПМНЕ со пет делегати.
Го прашавме портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, дали се планира Груевски да реагира поради ваквото ословување од сестринските партии.

– Ние сме дел од ЕПП под референцата на која што се согласи СДСМ, со образложение дека истата немало да трае повеќе од неколку месеци. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во секоја прилика укажуваме дека нашето уставно име е Република Македонија, но грешките и пропустите од минатото тешко се исправаат – одговори Котевски.

Конгресот ќе се одржува во хотелот Интерконтинентал во гратчето Сент Џулијан.

Извор : Мета