Зајакнете го сигналот на телефонот со овие трикови и никогаш повеќе нема да ви се прекине врската

0
1445
Дали сте забележале дека сигналот на телефонот редовно ви се губи и тоа без некоја конкретна причина? За тоа сепак постои причина, иако телефонот нема да ви ја открие, но ова видео на Јутјуб дефинитивно ќе ви помогне да го подобрите приемот на телефонот.
mobilen

Првата работа која морате да ја направите е да откриете колку ви е силен сигналот на телефонот. Можеби мислите дека тоа можете да го постигнете со гледање на цртичките на екранот од телефонот, но не дозволувајте тие да ве измамат – тие значат различни работи на различни уреди. Со други зборови, сигналот со две цртички на Самсунг телефоните е еднаков на сигналот со три цртички на Ајфонот.

Моментално не постојат стандарди кои би ни кажале што всушност значат тие цртички.

01-podobar-signal-6400-bun271113opt2_fct682x514x310_t4601

Наместо тоа, свртете *3001#12345#, тоа вашиот смартфон ќе го стави во областа на тестирање на полињата и ќе ви ја даде точната сила на сигналот. Ако користите Андроид, ова можете да го дознаете и со отварање на поставките и со отворање на менито Network.

Ако сигналот е -100 dBm, или понизок, тогаш се наоѓате во мртва зона. Би требало телефонот да го носите низ домот за да видите каде имате најсилен сигнал. Ако можете да најдете место каде што сигналот е -70 dBm или подобар, тоа би требало да биде вашата локација за телефонирање.

Уште еден начин за да го подобрите приемот е да го уклучите Flight Mode на три секунди и потоа да го исклучите. Ова ќе го рестартира сигналот и телефонот можеби ќе се поврзе на поблиска кула која ќе ви даде подобар сигнал.

Во случај да имате лош сигнал додека возите, најдоброто решение е да ги спуштите прозорците, со оглед на тоа што во спротивно автомобилот се однесува како голема метална кутија која слабо го пропушта сигналот.

Ова се само некои од триковите кои може да ги видите во ова видео.