Костовски : Време за двојна победа, над Корона и над ВМРО-ДПМНЕ

0
1706

На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции.
На македонските граѓани им треба почетокот на преговорите. На македонските граѓани им треба функционално Собрание.
Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок.
Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност,што поскоро.
🇲🇰За нова победа на граѓаните,за нова победа на државата и СДСМ 🇲🇰

Фејсбук статус на претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски.