ПОД СТРОГО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КРИЕЈЌИ СЕ ОД КАМЕРИТЕ : НА СУДЕЊЕ ВО ТЕТОВО ПРИСТИГНА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА ОСОМНИЧЕНА ЗА УБИСТВО НА 16-ГОДИШНО МОМЧЕ

0
615

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.

Со качулка на главата и под строги безбедносни мерки денеска во Основниот суд во Тетово е доведена 17-годишната девојка која е осомничена за убиството на 16-годишното момче во тетовско Бањиче кое беше пронајдено мртво во водите на реката Пена.

Како што објави порталот на албански јазик Тетовасот, девојката денеска треба уште еднаш да даде исказ пред судијата.

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.

По вербална расправија во автомобил кај месноста Бањиче, таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката.Малолетникот на 16 години, кој беше најден починат, е од Ново Село, Општина Желино, додека, пак, осоминчената 17-годишна девојка е од селото Рогле.