ЗАПЛЕНЕТИ НАД 6.000 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА ВО РЕСЕН, ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЕДНО ЛИЦЕ

0
423

На 29.12.2022 полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен  извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост. При претресите пронајдени се 6064 парчиња разновидни пиротехнички средства,а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.