ХУМАНОСТА Е ПРЕД СЕ ЧОВЕЧКА ВРЕДНОСТ, ЗЕЧЕВИЌ ГИ ПОСЕТИ ДЕЧИЊАТА ОД ДЕТСКА КЛИНИКА, ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ И ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО КАПИШТЕЦ

0
448
Хуманоста, солидарноста и помагањето се социјалдемократски а пред се човечки вредности. Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска, пред новогодишните празници, ги посети дечињата на Клиниката за детска хирургија. Со волонтери од Црвен крст им подари новогодишни пакетчиња, им посака што побрзо опоравување и им ја честита Новата година.
Новогодишни пакетчиња и топла облека генералниот секретар Зечевиќ донираше и во Пунктот за бездомници, како и во Дневниот центар во Капиштец, каде ги посети дечињата болни од церебрална парализа на кои им ја честиташе новата година давајќи им поддршка во животната борба што ја водат.
Споделувањето макар и најмала радост е значајна и вредна за секоја човечка и детска насмевка.