ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА КРШЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПАМДЕНИЈАТА, БАРААТ ХЕЛСИНШКИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ

0
352

Донесувањето на Закон за амнестија, велат од Хелсиншки и од Здружението, ќе биде особено значајно за лицата од ранливите категории поради високите парични казни што им беа изречени, а кои доколку не ги платат, ќе им бидат заменети и веќе им се заменуваат со затворски.Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Закон за амнестија за лицата кои беа санкционирани поради прекршување на полицискиот час, неносење заштитна маска и другите мерки што беа воведени со вонредната состојба за време на пандемијата со коронавирус прогласена на 18 март 2020 година.

Овие лица беа осудени за кривични дела според членот 205 – пренесување заразна болест и членот 206 – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.Донесувањето на Законот за амнестија, велат од Хелсиншки и од Здружението, ќе биде особено значајно за лицата од ранливите категории поради високите парични казни што им беа изречени, а кои доколку не ги платат, ќе им бидат заменети со затворски.

„Во периодот по донесувањето на Одлуката за вонредна состојба, за овие кривични дела беа изречени голем број парични казни во износ помеѓу 1 000 и 2 000 евра. Согласно законските прописи, доколку во рок од две години паричните казни не се намират, судијата за извршување на санкции ги заменува со казна затвор и лицата кои немаат можност да ги платат ќе бидат упатени на издржување казна затвор. Здруженијата на граѓани кои обезбедуваат бесплатна правна помош во текот на својата работа нотираа голем број случаи на граѓани, особено лица во социјален ризик, самохрани мајки, лица со попреченост, бездомници, кои се соочуваат со затворски казни поради немање средства да ги платат паричните казни. Голем дел од осудените лица не ги обжалиле пресудите од причина што не ги примиле или, пак, биле неуки во однос на нивното право да вложат приговор до надлежниот суд“се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Неплатените парични казни веќе се заменуваат со затворски казни, велат оттаму. Ова значи дека една неплатена парична казна од 2 000 евра се заменува со 100 дена ефективна затворска казна.

„Сите овие лица ќе влијаат врз зголемување на пренатрупаноста која секако ја има во поголемиот дел од затворите, а дополнително, една од целите на казнувањето – ресоцијализацијата нема да биде исполнета, имајќи предвид дека лицата казната затвор би ја издржувале во нехумани и деградирачки услови нотирани во дел од установите од страна на Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници, како и од страна на CPT – Европски комитет за спречување на тортура и Народниот правобранител“се предупредува во соопштението.

Според статистичките податоци што ги споделуваат од Хелсиншки и од здружението на млади адвокати, од почетокот на вонредната состојба до октомври 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје имало 280 неплатени парични казни кои биле заменети со казна затвор, а 205 осудени лица добиле упатни акти да издржуваат казна затвор.Овие податоци, се потенцира, се само за регионот на Скопје, а бројот на лица на територијата на целата држава на кои паричните казни им биле заменети со ефективна казна затвор и добиле упатни акти за издржување на казна затвор е многу поголем.

„Овој предлог закон предвидува на осудените лица кои се осудени со правосилна судска пресуда на парична казна за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, или паричната казна им е заменета со казна затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, а оние лица кои започнале со исплаќање на паричната казна но не го платиле целиот износ, преостанатиот дел од паричната казна да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Оттука, донесувањето на овој предлог закон иако е задоцнето, со оглед на тоа што голем број на лица веќе започнаа со издржување на својата казна затвор, а некои дури и ја издржаа, сепак неговото донесување е неопходно и апелираме до Собранието тоа да го стори во најскор можен рок“апелираат од Хелсиншки и Македонското здружение на млади правници.