(ВИДЕО) Катица Јанева: Ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила функцијата, Јовановски и други лица го користеле моето име

0
1226

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во изјава пред медиумите кажа дека го разбира интересот на јавноста за случајот „Рекет“.

– Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излезам со свој став во јавноста, иако не ми беше воопшто лесно да го следам јавниот линч, не сакав со ниту еден потег да оставам впечаток дека се мешам во истражните дејствија. Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвено, ниту со сторување ниту со несторување, не сум ја злоупотребила должноста која се уште ја извршувам. Ги охрабрувам истражните органи да ја водат истрагата. Точно е дека јас како и многу други лица од јавниот живот се познаваме со лицето Бојан Јовановски. Никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и на дневна основа комуницира со Јовановски. Но, ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата положба. Очекувам низ транспарентна правосудна постапка да се стави крај на сите шпекулации. Не само Јовановски туку и многу други без да знам го злоупотребувале моето име за различни цели – рече Јанева.