ШОКАНТНО: КИНЕСКИТЕ ВОЗОВИ ШТО НИ ГИ ИСТОВАРИЈА ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ ИСПАДНАА ТЕШКО И НЕКВАЛИТЕТНО ЃУБРЕ, ПО САМО 5 ГОДИНИ УПОТРЕБА, ПОЛОВИНАТА СЕ РАСИПАНИ И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ!

0
1959

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во средствата што ќе се обезбедат од државниот буџет за компензирање на дел од загубите кои се создаваат со нивното сообраќање.

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ велат дека со предлог буџетот на нивното министерство догодина се обезбедени средства во висина од 400 милиони денари (6,5 милиони евра) за реализација на обврските по склучениот договор со Железници на РСМ-Транспорт, кое нуди услуга од јавен интерес – железнички превоз на патници.

Барем официјално, државното железничко претпријатие во 2021 година ќе добие за 30 милиони денари помалку во однос на годинава како помош за одржување на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Од Министерството велат дека договорот со Железници на РСМ-Транспорт се склучува на три години, и тоа за покривање на оној дел од загубите за кој претпријатието ќе докаже дека трошоците се направени исклучиво за превоз на патници.

Инаку, „Мета.мк“ веќе подолг период наназад пишува дека состојбата со патничкиот железнички сообраќај во земјава е лоша, бидејќи бројот на патнички возови што сообраќаат по пругите постојано се намалува, а со тоа опаѓа и обемот на превезени патници со возовите. Во изминатиов период, посебен проблем се јавува со одржување на набавените кинески возови, при што, од вкупно шест, барем половина од нив, се надвор од функција и како расипани се гаражирани во депото „Лисиче“.

Министерството за транспорт и врски го прашавме околу можноста за набавка на нови возови за Железници на РСМ-Транспорт за наредната година, но оттаму добивме одговор дека Владата на РСМ е надлежна по ова прашање, бидејќи таа е основач на претпријатието. Како и да е, средствата што се наменети за покривање на загубите во патничкиот железничкиот сообраќај за догодина нема да може да се употребат за набавка на нови возови.

„Средствата обезбедени преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски се строго и исклучиво наменети за компензирање на загубите во патничкиот железнички сообраќај и согласно Законот за железничкиот систем не постои можност со овие финансиски средства да се набавуваат нови возни средства“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Од Железници на РСМ-Транспорт пак ни одговорија дека новиот возен ред за 2021 година е направен врз основа на нивните материјално-технички капацитети со кои располагаат во моментов.