Заев и Мицкоски денеска во 18:30 часот ќе се сретнат со Пендаровски

0
944

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во 18:30 часот ќе се сретнат во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и ќе разговараат за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Како што информираше претседателскиот Кабинет, средбата ќе се одржи на покана од Пендаровски.

„На покана на претседателот Стево Пендаровски денеска – 12 јуни 2020 година, петок, во 18:30 часот ќе се одржи средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, соопштија од Кабинетот.