ЛЕГЕНДАРНИОТ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВМРО ДПМНЕ, ЛАТИНОСКИ: Само Мицкоски верува дека победил на изборите, ако нешто не се смени, поразот на локалните нѝ е загарантиран

0
1078

По поразот на парламентарните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, секојдневно се соочува со повици од членството во партијата, да поднесе оставка од претседателската позиција и да организира нов, вонреден конгрес на кој ќе се избере ново партиско раководство. Зад оваа иницијатива застанаа голем дел од членовите во општинските комитети, но и стари партиски членови и поранешни функционери од времето на Никола Груевски.

Дел од иницијативата за промени на раководството во ВМРО-ДПМНЕ е и поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски. Тој во интервју за Слободен печат открива кои се суштинските разлики меѓу ставовите и политиките на иницијаторите за промени и на актуелното раководство на партијата и вели, убеден сум, доколку не се смени нешто во партијата, поразот на локалните избори ни е загарантиран.

Деновиве се поактуелни и погласни се повиците од ваши членови, меѓу кои и Вие, за оставка на Христијан Мицкоски и свикување вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто токму сега оваа Иницијатива?

– Затоа што може да биде предоцна доколку чекаме да надвладее разумот и партиските над личните интереси. Доколку чекаме ова раководство да загуби уште едни избори, на ВМРО-ДПМНЕ може да му се случи хаварија. Партијата дополнително ќе се дефакторизира, а може да ги замислите последиците по Македонија. Видовме како СДСМ владее овие три години и не е тешко да се претпостави како ќе нагазат без силен опонент од другата страна. Иницијативата е неопходна и за партијата и за Македонија, бидејќи гледаме дека актуелното раководство, и покрај поразите во низа, и покрај тоа што на секој член му е јасно дека нешто не е во ред со ова раководство, упорно одбива да се соочи со одговорноста. Реално, претседателот Мицкоски имаше три години да остави печат во партијата и државата, но не повлече ниту еден чекор по кој ќе биде запаметен. Ниту политички, ниту кадровски. Време за губење веќе нема. Потребна е нова сила и енергија, потребно е повторно силно ВМРО-ДПМНЕ.

Дали мислите дека имате поддршка од доволен број делегати кои можат да свикаат вонреден конгрес?

– Со секој изминат ден, поддршката е се поголема. Членството и јавноста гледаат дека од другата страна која е против вонреден конгрес нема ниту еден аргумент во одбрана на политиките кои ги застапува господинот Мицкоски, ниту пак никој од актуелното раководство не излезе со аргументи против оваа иницијатива, како да чекаат ние постарите членови да кажеме, доста беше, зашто се молчи не знам. Тука не го сметам оној аргумент дека ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори, бидејќи само Мицкоски верува во тоа. Па дури и тој да веруваше во тоа ќе свикаше конгрес и сите ќе му ја дадеа довербата, впрочем оваа иницијатаива му дава можност да си ја потврди довербата од членството бидејќи и тој може да учествува и да образложи зашто повторно треба да му се даде доверба. Ние сме истите делагати од Валандовскиот конгрес кои му ја дадовме довербата и веруваме во неговиот капацитет, за од друга страна деновиве се погласно да слушаме како ние истите сме некомпетентни за да предлагаме ваква иницијатива. Извршниот комитет е со истечен мандат, а поголем дел од членовите на Централниот комитет исто така се без мандат. Партијата е во лоша состојба и членството на терен се мобилизира за да се смени тоа. Сигурен сум дека ќе се собере неопходниот број на делегати за да се свика конгресот. Сите сме заинтересирани за спас на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото интервју на Слободен печат тука.