Заев: Дури и ние кои сме поприлично богати, а дома оџакот ни чади на дрва, можеме тоа да го смениме!

0
1130

Постапката за доделување на инвертерите треба да продолжи и во иднина, смета премиерот Зоран Заев, кој денеска одговараше на прашања за аерозагадувањето, кое во Скопје го има секој зима.

„Дури и ние кои сме поприлично богати, а дома оџакот ни чади на дрва, можеме тоа да го смениме. Во Скопје има достапност на гас до сите. Сметам дека постапката за доделување на инвертерите треба да трае и вградување на инвертер не е само за оваа сезона“, истакна Заев.