СЗО ОЧЕКУВА КОРОНА КРИЗАТА ДА ЗАВРШИ ВО 2022 ГОДИНА: ИМАМЕ АЛАТКИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

0
1127

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во новогодишната порака искажа желба да заврши пандемијата со Ковид-19 во 2022 година.

Тој смета дека светот има алатки за завршување на пандемијата и покрај тоа што растат бројките на новозаразени лица со омикрон во светот.

“Две години по почетокот на пандемијата, алатките на располагање за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трета доза. Таквиот јаз ги зголеми условите за појава на нови соеви, заклучувајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања” – објави Гебрејесус.