ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОН СТРАЖА И МАВРОВО

0
196

Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за тешки моторни возија, информираат од АМСМ утрово. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека на 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.