(ВИДЕО) Козаров: На повидок уште еден скандалозен тендер во општина Битола, вреден 15 милиони евра

0
1001

На повидок е уште еден штетен тендер во висина од 15 милиони евра народни пари, за одржување на јавното осветлување на територијата на Општина Битола, рече Горан Козаров, советник во општина Битола на денешната прес – конференција.

„Тендерот е во завршна фаза.За штетноста на оваа постапка за граѓаните на Општина Битола, ја алармиравме јавноста пред неколку седници на општинскиот совет. Нашето барање, тогаш, но и сега, е поништување на тендерот и преземање на одржувањето на јавното осветлување од страна на некое од општинските јавни претпријатија.Наместо одржувањето и огромната добивка да им се дадат на некое Јавно претпријатие, со што индиректна корист би имале сите жители на општина Битола, одредени партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да го реализираат овај тендер пред претстојните локални избори само заради исполнување на лични интереси.

Токму од овие причини истите тие моќници од ВМРО-ДПМНЕ, деновиве вршеле големи притисоци врз членовите на тендерската комисија, вработени во општинската администрација, да стават параф на овој штетен договор.

Затоа ги охрабруваме сите оние коишто се вклучени во оваа постапка да не подлегнуваат на притисоци за да не дозволат 15 милиони евра народни пари да завршат во приватните џебови на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме нулта толеранција за криминалот во нашата општина, затоа ги повикуваме да преземат соодветни дејстија поврзани со овој предмет“, рече Козаров.