ЖЕНА ФАТЕНА НА „ПРЕШЕВО“ ПРИ ОБИД ЗА ШВЕРЦ НА НАД 1.700 КУТИИ ЦИГАРИ ОД МАКЕДОНИЈА

0
179

Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари.Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија.

Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари.Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија.Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.