(ВИДЕО) Бочварски: Голем број луѓе се оставени завеани во снег, неопходни се институции на граѓаните!

0
932

Прес конференција,
Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски
Крива Паланка, 21.01.2017
Ги повикуваме централната власт во заминување и општинските власти сериозно да ја сфатат својата одговорност и да им овозможат на жителите на отсечените населени места да се поврзат со светот. Во 21 век недозволиво е да има завеани села и градови, во услови кога ниту врнеше снег со денови, ниту пак се работи за населени места на огромни недостапни височини.

Денеска сум во Крива Паланка да видиме какава е ситуацијата овде, по барање на граѓаните кои немаат каде да се обратат, бидејки институциите едноставно не функционираат.

Она што го видов, завеано е село Нерав и Дренак, делови од Дурачка река и Борово. Овде имаат проблеми и со прекини на струја.

Ова не се единствените населени места каде жителите со денови загрижено се надеваат дека утре е тој ден кога некој ќе се сети на нив.

Од информациите што ги имаме, во општината Маврово Ростуша непороодни се патни правци кон 5 населени места (Врбјане, Нисторово, Волковија, Беличица и Сретково).

Во Радовиш, населбата Куклевица е целосно под снег и граѓаните само ако е нешто итно прават обид да стигнат до центарот. Плоштадот во градот е опасно лизналиште за минувачите, а непроодни се селата во повисоките места. Има проблеми и во прилепските села Канатларци, Тополчани, Коњари, но и во мариовските села.

Медиумите веќе известија дека проблеми имаат и жители во завеаните села Малино и Брест, како и повеќе села под Китка.

Не само што се непоодни патиштата туку луѓето имаат проблеми и со старите, дотраени, неквалитетни инсталации. Во Гевгелија и во Штип пукаат водомери на граѓаните, како и делови од водоводната мрежа, а според информациите што ги имаме, луѓето се оставени сами да ги решаваат своите проблеми.

Сето ова е последница на криминалните политики на власта на Никола Груевски којашто не се грижеше за потребите на граѓаните.

Помогнавме вчера во штипско Селце, ќе помогнеме повторно кадешто можеме. Ги повикуваме и граѓаните и претпријатијата кои се во можност солидарно да вклучат и да помогнат.

Но граѓаните избраа промени и итно се потребни институции што ќе работат во служба на граѓаните.