ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХИДРОЕЛЕКТРАНА ВО ИТАЛИЈА – ШЕСТ ЛИЦА СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ

0
77

Денеска се случила експлозија во хидроцентрала во областа Болоња, десет лица се повредени, а шест исчезнаа.Несреќата се случила во вештачкиот басен Сувиана, на Болоњските Апенини.

Експлозијата се случила на -9-ти кат, под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри.На местото на настанот пристигнал хеликоптер на брза помош од Болоња и Модена. Најтешко повреден е 48-годишен маж. Полицијата и пожарникарите во моментов вршат увид.

– Има многу чад и просториите се поплавени, работиме на намалување на температурата – објасни Калогеро Туртуричи, командант на противпожарната бригада на Болоња.