ЕДИ РАМА: ОТВОРЕН БАЛКАН Е ПРЕКРАСЕН ПРОЕКТ, НЕ СЕ КААМ ШТО ЈА ВКЛУЧИВ АЛБАНИЈА ВО ПРОЕКТОТ, ВО ИДНИНА ЌЕ ГО ФОРСИРАМЕ БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС

0
662

„Отворен Балкан не е живот или смрт“ и не е моја вина доколку вие сакате да го гледате тоа прашање така, одговори премиерот на Албанија, Еди Рама на прашање на новинарите дали оваа иницијатива е завршена. Рама рече дека доколку би имал можност да се врати назад, иницијативата Отворен Балкан би ја почнал 1000 пати.

„Не е моја вина доколку вие тоа сакате да го гледате како живот или смрт. Не е живот или смрт! Што е Отворен Балкан? Е една од 72 иницијативи. Зошто беше преземена? Поради тоа што Берлинскиот процес имаше застој, не се движеше. Што донесе? Фантастични работи кои се реалност на луѓето кои ги користат договорите на Отворен Балкан за да тргуваат, се движат.“, рече Рама.

Поради инсистирањето дали оваа иницијатива ќе продолжи да функционира, Рама рече дека моментално земјите треба да се фокусираат на Берлинскиот процес и да го стават во функција бидејќи, се наоѓаме во друга фаза на односите со ЕУ и затоа Берлинскиот процес е клучен.

„Во момент сме на преминување во друга фаза на односите со ЕУ и затоа Берлинскиот процес е клучен. Тоа е мост чиј столбови треба да се зајакнат и токму ние треба да се занимаваме силно и да се фокусираме на тој мост без да се грижиме за ветерот и струјата, а не Отворен Балкан, не тоа, не ова, јас велам да се фокусираме на Берлинскиот процес.“, изјави Рама.

Набројувајќи ги резултатите од иницијативата Отворен Балкан, премиерот Димитар Ковачевски рече дека оваа иницијатива се уште не ја завршила својата мисија.

Рама беше на работна посета со премиерот Димитар Ковачевски по што средбите ќе ги продолжи во Косово, а потоа ќе патува за БиХ и Црна Гора.