САЕМ НА ВМРО-ДПМНЕ : НАШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА ГИ ДАВААТ ПОСАКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

0
495

Под слоганот „Саем на промените што носат иднина“, денеска политичката партија ВМРО-ДПМНЕ одржа саем по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците поддржани од партијата, кои победија на последните локални избори. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски рече дека градоначалниците реализирале проекти во вредност од 7.458.790.588 денари или близу 120 милиони евра.

– Резултат за почит. Ако имаме предвид дека власта, имајќи го на располагање целиот рекорден буџет за оваа година, реализираше нешто повеќе од оваа бројка, тогаш само по себе можете да забележите колкав е подвигот на овие луѓе, нивниот тим, администрацијата, но и на сите нас, на вас и граѓаните кои цело време им даваат поддршка да ги реализираат тие проекти. Во истите тие општини се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра. За градба или реконструкција на водоводни и канализациони мрежи за една година се отпочна со инвестициски циклус вреден од над 20 милиони евра  или точно 1.278.181.531 денари, изјави Мицкоски.