ЕДЕН БИВШ МИНИСТЕР СИ ЈА ИМАШЕ ВРАБОТЕНО БЕБИСИТЕРКАТА ВО МНР, ПОРАЧА ПРЕМИЕРОТ

0
336

Еден бивш министер си ја имаше вработено бебиситерката во МНР, порача премиерот
„Поранешен министер си ја имаше вработено бебиситерката во МНР“ рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање при посета на скопско Шуто Оризари.

„Тоа ќе морате да ги прашате тие што имаат некакви свои роднини вработени било каде. Јас имав свој принципиелен став во однос на М-НАВ. Министрите што имале роднини вработени го имаат кажано својот став. Јас не можам да кажам да бидам портпарол на семејства на други луѓе. Таа тема ако се отвори, тогаш ќе треба да проверите и во Академија на судии, кој се станува судија и обвинител, па да видите по министерства…Имаше еден бивш министер, кој сега е многу гласен, тој дури и бебиситерката си ја вработи во МНР, што му го чуваше детето“ рече премиерот Ковачевски.