БОМБА НА ГРЧКИTE ВЕСНИЦИ: НОВ ПРЕДЛОГ НА МАСА Е РЕПУБЛИКА КРУШЕВСКА МАКЕДОНИЈА, ЗА НАС БИЛЕ НЕПРИФАТЛИВИ ГОРНА И НОВА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕРГА ОМНЕС

0
5181

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас неделава имаа дводневна средба со посредникот на ОН Метју Нимиц во Њујорк, но не дојдоа до финално решение. (Фото: ОН)

Атина и Скопје повторно бараат име за севкупна употреба по неуспехот двете страни да се согласат за Илиденска Македонија и според добро информирани извори на „Катимерини“, на преговарачката маса е ново име поврзано со Крушево, име кое сè уште не е откриено во јавноста. Објаснувајќи ги Илинденското востание и Крушевската република од 1903 година, грчкиот весник вели дека новото име ќе се однесува на словенското потекло на земјата, отфрлајќи ја „антиквизацијата“, наметната од сега веќе осудениот поранешен премиер Никола Груевски.

Грчкиот весник вели дека предлозите на посредникот на ОН Метју Нимиц, како Горна Македонија и Нова Македонија не се прифатливи за Македонија како „ерга омнес“ решенија, што е предуслов за грчката страна.

Во секој случај, анализира „Катимерини“, двете страни ќе ги интензивираат дипломатските контакти до Самитот на Европскиот совет на 28 јуни. Изминатава недела за спорот се заинтересираа САД преку потпретседателот Мајк Пенс и Германија преку канцеларката Ангела Меркел.