ЕГИПЕТ ДНЕВНО ПРИМА МЕЃУ 40 И 50 РАНЕТИ И БОЛНИ ПАЛЕСТИНСКИ ДЕЦА ОД ГАЗА

0
244

Египет секојдневно прима меѓу 40 и 50 ранети и болни палестински деца од Појасот Газа, изјави портпаролот на египетското Министерство за здравство и прашања на населението Хосам Абдел Гафар, цитиран од „Египет газет“.

Тој прецизира дека 39 отсто од пациентите кои доаѓаат од опколената енклава се деца кои биле повредени од израелско гранатирање или имаат онколошки заболувања.

„Повеќе од 35 целосно опремени амбулантни возила се користат за транспорт на луѓе на кои им е потребна итна медицинска помош преку граничниот премин Рафа“, рече Абдел Гафар.

Претходно египетскиот министер за здравство Халед Абдел Гафар објави дека 37 болници во осум египетски области се подготвени да примат пациенти од Газа.