ДРЖАВАТА ОВА НЕ СМЕЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИ : ЕКИПАТА НА АЛФА ТВ БИЛА СПРЕЧЕНА ДА ИЗВЕСТУВА ОД МЕЧКИН КАМЕН

0
1652

Репортерот на ТВ Алфа Матеја Петровски јавува дека екипата на оваа национална телевизија била спречена од власта да известува од прославата на Илинден на Мечкин Камен.

Според официјалното објаснување на владата причината за блокадата на ТВ АЛФА на Мечкин Камен е тоа што телевизијата не била на списокот на акредитирани медиуми за настанот.

Екипата на Алфа била пуштена без акредитација дури откако еден час била блокирана пред Мечкин Камен кога завршиле сите настани.

Ваквите пропусти треба да не се повторуваат, слободата на медиумите е нешто најважно за една членка на НАТО и апсирант за интеграција во ЕУ.