(ВИДЕО) Xiaomi вели дека Redmi 3 има одлична батерија; наскоро доаѓа и во Македонија

0
1189

Новиот телефони од Xiaomi, Redmi 3, од следната недела веќе ќе биде достапен и во Македонија. Станува збор за поевтин уред, но уред што ја продолжува праксата на Xiaomi за минимална заработка, па станува збор за релативно добар хардвер. Телефонот чини 105 долари, но во Македонија цената ќе биде повисока околу 10.000 денари, велат од Hi-Store, кои се неофицијален партнер на Xiaomi за Македонија.

Најинтересното нешто на Redmi 3 е батеријата со капацитет од 4100 mAh. Иако целиот хардвер е надграден, во споредби со претходникот, Xiaomi вели дека е зголемен капацитетот на батеријата од 80 отсто. За споредба оваа батерија е двапати поголема од батеријата на новиот iPhone 6S. Лоша вест е дека Redmi 3 доаѓа со фиксна батерија, но ќе има простор за две SIM картички.

Redmi 3 доаѓа со осум јадрен Qualcomm Snapdragon 616 процесор на 1.2 GHz, 5-инчен HD-екран, 13МР задна и 5МР предна камера, 16GB слободен простор кој може да се надгради до 128GB и 2GB RAM. Оперативниот систем со кој доаѓа телефонот е MIUI 7 базиран на Android 5.1 Lollipop. Телефонот доаѓа со можност за брзо полнење на батерија и две SIM картички.