ДОНАТОР НА ДУИ БИЛА И СОПРУГАТА НА ЕЛМЕДИН АДЕМИ СОПСТВЕНИКОТ НА „ЕУРОВИА“, КОЈА ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ НА МНР ЗА САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

0
452

Донатор на кампањата на Демократската поартија за интеграција (ДУИ) не бил само Елмедин Адеми, сопственик и директор на компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот од Министерството за надворешни работи (МНР) за преадаптација на салата „Борис Трајковски“ за претстојната конференција на ОБЦЕ, туку и неговата сопруга, пишува Фокус.

Арбе Адеми, сопственичка на фирмата „Виаком“ донирала 1.845.000 денари во 2022 година на владејачката партија ДУИ.

Оваа фирма, како и други, до 2021 година била под капата на „Еуровиа Холдинг“, но кон крајот на јуни 2021 година, сопственичка на фирмата станува Арбе Адеми.

Сопругата на Елмедин, Арбе Адеми преку „Виаком“ донирала идентична сума како и „Еуровиа“, но за разлика од сопругот, кој од личните средства донирал над 2,5 милиони денари, таа не го сторила тоа.Овие крупни донации за локалните избори лани останале незабележани за потпретседателот и портпарол на ДУИ и министер за надоворешни работи, Бујар Османи, како што тој тврди.