ЛАТАС: НЕ СУМ БАРАЛ ПАРИ ОД ЗАЕВ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МОЈОТ СИН, ПРОДАДОВ СТАН ЗА ДА ОБЕЗБЕДАМ ПАРИ

0
2080
Е па пријатели, еве сме да се забавувате вие а нервираме ние со уште една соросоидна и есдесемовска типична, класична хајка. Видена многу пати досега, ова е последната нивна епизода. Тема Латас и секс, силување на 14 годишниот Латас врз непозната повозрасна девојка… велат тие, наводно кажано при гостувањето во поткаст емисијата Лазаров на Јутјуб.

Но пред тоа, веднаш да го лоцираме изворот, главниот поддржувач на сороидите а и они негова платена војска кога ќе му затреба. А сега му треба дефокус од многу теми, како аферата во Фондот за здравство, на пример.
Станува збор за Зоран Заев, фронтменот на нивната шарена револуција, заштитникот на Катица Јанева и СЈО, со се што следи во и околу нив.
После сите ботови на нивните социјални мрежи, платени невладини и партиски функцинери од пратеници со женски форум на СДСМ, се јави и шефот. Главата на хајките – Зоран Заев.

Во негова изјава која ја објавува неговиот портал Мактел, партнерот и другарот на Марјан Доказ со години, Зоран Заев изјавува:

(Латас) Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев за Мактел.мк

То е тоа, пријатели. Машина за лаги, спинови, пакувања истраги, прогони, патрон на судството и лидер на обвинителствто… Зоран Заев и неговите соросоиди.
Никогаш, никаде, ни приватно ни службено, ни на улица ни во канцеларија… никаде не сум се сретнал со Зоран Заев освен при неговото гостување во Сител.
Никогаш, ниту телефонски, не сум разговарал со него, и немам негов телефонски број. Заев лаже. Заев лаже. Заев лаже, ама тоа ви е на сите познато. Но, ни јас не сум верувал дека е гнаса до ова ниво.

Да изјави дека “сум плачел кај него во канцеларија за да молам помош да с елекува мојот син во Германија“ е најдолна можна манипулација со трагедија на едно семејство во таква ситуација и со судбина и состојба на, во тоа време, болен млад човек.

Бидејќи никогш не сум се ни сретнал ни слушнал со Зоран Заев ова е лага. И тоа пакувана со злоба и подлост.
Болен од карцином, мојот син се лекувал исклучиво со приватни пари за што постојат фактури, обезбедени со проджба на стан, за што е известено и СЈО за да знае која е целта и намерата за продажба на станот и парите од него.
А Зоран Заев вели “плачеше кај мене во кабинет да му помогнам…“. Па, просудете сами со кого имаме работа. Ова е веќе на граница на негова ментална состојба, ако не и потаму.

Како би се чувствувал било кој од вас во оваа прилика? Патронот на хајките не издржа да не се појави и сега, и стави тонч на нивната хајка. Политичка. Партиска. Заевистичка, со ова потпишан лично од него.