ДОКТОРОТ ДЕНЕС ГИ ПРЕОРА ПРИЛЕПСКИТЕ УЛИЦИ СО ПРИЛЕПЧАНИ ДА ДЕЗИНФИЦИРААТ НИЗ ГРАДОТ НА ТЕРЕН

0
968

 Во изминатите два дена беше организирана масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот.

 Истовремено, дезинфицирани беа и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини.

👉 Акцијата беше спроведена со помош на јавните комунални претпријатија од градот, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈП за ПУП и Територијалната противпожарна единица – Прилеп.

👉 Сепак, најголемиот придонес го дадоа граѓани од градот и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ги дезинфицираа и тесните улици од целата територија на градот, онаму каде цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

 Благодарност до вработените во прилепските јавни претпријатија и жителите од градот и населените места, кои несебично ја поддржаа акцијата за дезинфикација на улиците во градот.

🔴 Општинскиот штаб за управување со кризи и понатаму будно ќе ја следи состојбата со пандемијата на коронавирусот и ќе продолжи да носи соодветни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните на општина Прилеп.

⚠️ #ПочитувајГиМерките
❗️ #СедиДома 

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.