Здраво на сите
Доколку имате стари користени ќебенца или дебели прекривки кои не ги употребувате повеќе, а се размислувате да ги фрлите, донирајте ги за кучињата во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА – Скопје.
Ни доаѓаат студени зимски денови, a на овие кучиња им се особено потребни.
Наместо да ги фрлате, направете хумано дело. Секое донирано ќебенце ќе направи голема разлика, а овие шепасти пријателчиња ќе ви бидат бескрајно благодарни.
Фалааа ви однапред!