Тетовскиот универзитет не е повеќе „државен“

0
1248

На ДУТ ќе му биде тргнат државниот епитет. Со одлука на Министерството за образование тој ќе се вика Тетовски универзитет, без зборот „државен“. Освен ова, Факултетот за применети науки ќе се затвори и ќе се префрли во новиот Универзитет Мајка Тереза. Министерот за образование Абдулаќим Адеми, го потврди затворањето на факултет велејќи дека со оваа одлука се прави усогласувањето на студиските програми меѓу двата универзитета, објави Алсат-М.

Од законот се отстранува зборот „државен“, со што Државниот универзитет во Тетово во иднина ќе се вика Универзитет во Тетово, онака како што му беше името кога беше основан во 1994 година. Се основаат два нови факултета – Педагошки и Факултет за земјоделство и биотехнологија со вкупно шест нови студиски програми. Факултетот за применети науки од академската година 2016/2017 нема да прима нови студенти, а оние кои почнале со своите студии на студиските програми во рамките на факултетот ќе продолжат на истиот факултет.