ДОБРИ ВЕСТИ ОД ФИЛИПЧЕ : Одобрен коктелот хидроксиклороквин – азитромицин за лекување на одредени случаи на болни од коронавирус

0
1121

Комбинацијата на лекот хидроксиклороквин, што се користи за лекување на маларија и други болести, и на лекот азитромицин, кај нас познат како „сумамед“, антибиотик што се користи против бактериска пневмонија, е одобрен за лекување на одредени случаи на болни од Ковид-19.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Потврдувајќи дека надлежниот орган ја одобрил оваа терапија, Филипче прецизираше:

– Tаа комбинација се покажа како позитивна во другите земји, а веќе од утре ќе почне да се користи и во земјава. Секако не кај сите пациенти, туку кај одредена група.