- Петре Шилегов изминатите 30-40 дена се шеташе со Еди Рама, албанскиот премиер кој Петре го има реконструирано, имаше средба со градоначалникот на Тирана и возеше велосипед во Скопје. На најбогатиот албанец Беџет Пацоли му дозволи да гради катни гаражи во Чаир и за разлика од Петре Шилегов вие водите хејтерска кампања против него. Сите албански гласови ќе ви ги купи, и на крајот на денот што вреди повеќе, овие албански гласови 30, 40 или 50.000 кои ќе ги добие Петре Шилегов, или таа хејтерска кампања која вие ја финансирате и стимулирате?!
Колку гласови ќе ви донесе таа кампања? Колку гласови ќе им одземе на СДСМ таа кампања? 1.000, 2.000, 5.000? Не би рекол … Но направете споредба и математика, 5.000 е помалку или повеќе од 50.000?!