ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА : ПЛАТФОРМА 1198 ЗНАЧИ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД, РАСТ НА БДП ОД 5% НА СРЕДЕН РОК, ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДБИ БИЗНИСИ, ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ

0
26

Прес-конференција на Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1

 Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша.