Јапонците ќе се возат со невидлив воз од 2018 година

0
1260

Еден од врвните архитекти на Јапонија, Кезујо Сејима дизајнираше необичен воз како дел од прославата на 100 години од постотење на една железничка компанија. Се работи за воз кој е виртуелно невидлив за оние кои го гледаат однадвор, а истиот ќе биде пуштен во употреба во Токио во 2018 година.

Надворешниот дел од возот е направен од исклучително рефлектирачки материјал што прави илузија на невидливост. Рефлектирачкиот материјал нуди илузија на невидливост бидејќи многу добро ја одвојува светлината од околината што може да предизвика да изгледа како подвижно огледало.

Секако, невидливиот воз претставува можен сигурносен проблем бидејќи и многу добро видливите возови знаат да им создадат проблеми на возачите на автомобили, кои, едноставно, „не ги гледаат“ што предизвикува тешки несреќи.

Инаку овој дизајн Сејима не го користи по прв пат. Тој претходно го користеше на згради како што е Лувр Музејот во Франција, а ја има добиено и престжната Притцкер награда.