ДИМИТРИЕВСКИ ОД ШТИП : НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЌЕ ОБЕДИНУВА

0
74

-На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата. Во оваа прилика сакам до честитам и денешниот голем празник Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповест, рече Димитриевски.

Тој истакна дека ЗНАМ е нов политички субјект, кој што настанал од и има потреба да работи за граѓаните и оти на македонската политичка сцена е нешто ново. Димитриевски посочи дека „не митингашат“, туку прават спонтани средби со граѓаните, бидејќи како што рече, „од митингашење и од големи средби граѓаните немаат фајде“.

-Фајде видоа оние на говорниците, коишто со години, децении продаваа ветар и магла. Сведоци сме како едни заминуваат, доаѓаат други коишто се полоши и од тие што заминаа, а по четири или осум години доаѓаат повторно истите коишто заминале претходно и стануваат уште лоши и полоши, а народот згазен на дното во општеството. Затоа јас заедно со овие луѓе во движењето ЗНАМ за наша Македонија. Се одваживме и застануваме овде вечера пред вас, пред штипјаните, рече Димитриевски.

Тој порача дека во наредниот период ќе се обидат неговите членови и тој како претседател да ги посетат секој  граѓанин и семејство. Димитриевски порача дека граѓаните на Македонија заслужуваат поубаво утре, затоа што какошто рече нашата земја  од ден на ден се празни, младите заминуваат од државата, како што е примерот со Богданци. Место кое порано вработувало 6 000 луѓе, а сега има една канцеларија за брзи кредити, неколку кладилници.

-Денеска младиот човек нема можност, сериозниот кој што работел, се вградувал во оваа држава денеска и едвај преживува и гледа како државата му се распаѓа во континуитет. Денеска почитувани мои штипјанки и штипјани молкот е повеќе од срам и затоа ние од ЗНАМ се одваживме да излеземе пред граѓаните и да им понудиме нешто ново. Ново што излегува од граѓаните и ќе работи за граѓаните, вели Димитриевски.

Кандидатот за претседател, Димитриевски вечерва од граѓаните на Штип ја побара поддршката да биде иден претседател на Македонија, затоа што како што рече ќе биде претседател на сите граѓани.

-Барам Македонија да гласа за другар, пријател, соборец претседател. Претседател којшто нема да им служи на политичките субјекти, кои лобираат, туку првенственото на граѓаните коишто му ја даваат довербата, рече Димитриевски.Тој најави во првите 100 дена од добивање на мандатот ќе предложи Национална стратегија за борба против политичката  корупција, бидејќи главната корупција е во политиката. Димитриевски истакна дека ќе предложи и носење на уставни измени, со цел да се спречи било каква амнестија за корумпираните политичари. Димитриевски денеска имаше и средби со граѓани во Лозово и Свети Николе.