Снежана Лупевска и се налути на Дијаспората : Не сакавте да дадете 10 евра за глас за Тамара Тодевска!

0
2015

Новинарката Снежана Лупевска Созен, е меѓу оние кои не можеше да го премолчи она што и се случи синоќа на Македонија и Тамара.

Имено, таа на својот фејсбук профил го објави својот револт пишувајќи:

„Државна изборна комисија под итно да ги избрише они од дијаспората од избирачкиот список. Ем пари трошат ем несакаат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара (секоја чест на исклучоци)“, истакнувајќи дека сепак сме горди ние овде!

Холандија е победникот на Евровизија, нашата претставничка Тамара Тодевска застана на осмото место на листата.

Со 295 бодови, 33-годишната македонска пејачка ни обезбеди најдобар пласман досега на популарниот музички натпревар.

Финалната листа:

Настапот на Тамара беше позитивно оценет не само од македонската, туку и од светската јавност.