ДЕНЕСКА, ПЕТОK, 17-ТИ: 18 ОЗДРАВЕНИ, 3 ПОЧИНАТИ, 12 СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ НА РЕСПИРАТОРНА МАШИНА, 36 НОВО ЗАРАЗЕНИ!

0
687
Почитувани,
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85  и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.
Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се  и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 36  нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
    Скопје – 389
    Куманово – 310
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –103
    Тетово – 48
    Струга – 53
    Велес – 43
    Битола –16
    Охрид –7
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 26
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
Во изминатото деноноќие направени се 437  теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно  10.859 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54.  18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1  веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 8 ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.
Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk